Џина Стјуарт од Австралија ги израдува следбениците на социјалните мрежи со својот младешки изглед, а сега откри и како успева да изгледа толку добро иако има 50 години, а веќе е баба.
Многумина ја прашуваат која е тајната на нејзиниот изглед, а таа секогаш одговара дека здравата исхрана е исто толку важна како и здравиот ум.
-Јас навистина верувам дека тој дух е посилен од материјата. Најдобар совет е да се обидете да бидете смирени. Знам кои се моите извори на стрес и се обидувам да го намалам нивното влијание врз мене што е можно повеќе. Ако се најдам презаситена од ситуацијата или доживеам стрес, наоѓам тивко место во себе и ги полнам батериите пред да продолжам понатаму – објасни таа.
Џина, која има над 300.000 следбеници на Инстаграм, верува во моќта на позитивно размислување и елиминирање на негативноста во животот. Покрај тоа што размислува позитивно, оваа баба пешачи редовно, пие многу вода и се обидува да се храни здраво.
-Живеам во близина на плажа и сакам да одам боса покрај морето секој ден. Правам 10 000 чекори на ден, а тоа ми помага да го задржам доброто расположение. Пијам многу вода и јадам антиоксиданси. Боровинките се моето омилено овошје, рече таа.
Таа го прослави својот 50-ти роденден во луксузно одморалиште, но гледаше и што јадеше за време на прославата.