Цената на килограм од овој мед е 10.000 евра, а за тие пари можете да купите солидна куќа на Балканот.
Медот доаѓа од пештера лоцирана на 2.450 метри надморска височина. Неговата боја е темна, додека вкусот е горчливо сладок, а самиот мед е исполнет со лековити состојки. Богат е со магнезиум, цинк, феноли, флавоноиди и антиоксиданси.
Покрај ова, постои уште една добра причина зошто медот е толку скап. Се собира само еднаш годишно, за да не се вознемируваат пчелите што го прават. Патем, пчелите го произведуваат од лековити растенија што растат околу пештерата.
Кога ќе се собере доволно мед, примероците се испраќаат до Турскиот научен совет или Институтот за храна, за верификација и детална анализа на квалитетот.
Потврдувајќи го соборувањето на Гинисовиот рекорд, компанијата објави видео на својот Инстаграм профил. Новата тура мед ќе биде подготвена за продажба до крајот на октомври годинава, а нарачките веќе пристигнуваат, пренесуваат медиумите.