Најслатките минијатурни тетоважи на славните и приказните позади нив!

popara2 август, 202130min0
pjimage-26

Каја Гербер

Нејзината тетоважа е инспирирана од сликата на Пабло Пикасо од 1949 година, на која се прикажани гулаб и женско лице и е симбол на мирот во светот.

Кајли Џенер

Кајли ја истетовира фонетската форма на зборот „sanity“, што би значело трезвеност, или ментално здравје. Таа изјави дека често се чувствува како да живееме во луд свет, и дека тетоважата и служи како потсетник да остане цврсто на земја.

Бруклин Бекам

Како најстаро дете во семејството, Бруклин одлучи да ги истетовира годините на раѓање на своите браќа и сестри на раката. Слатко, нели?

Бела Хадид

Бела има мали ангелски крилја на глуждовите, кои одлично се вклопуваат со ангелските крилја што ги носеше на модните ревии на Викторија Сикрет.

Кендал Џенер

Со истиот уметник кој ги истетовира крилјата на Бела, пијаната Кендал одлучи да истетовира „мјау“ на внатрешноста на нејзината усна.

Деми Ловато

Освен што има симпатично смајли на нејзиниот мал прст за секогаш добро расположение, мора да признаеме дека оваа роза на нејзиниот показалец изгледа толку слатко и женствено.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma