На фановите не можат ништо да им избега
Познатите се под будното око на јавноста, па на обожавателите не може да им избега ниту најмалата промена.
Деновиве на Инстаграм кружи фотографија од Адријана Лима, на која, како што тврдат, се гледаат неколку вишок килограми. Таа позираше во кожни хеланки, розов топ и јакна, а она што на многумина им го привлече вниманието беше нејзината фигура.
Со оглед на тоа што таа отсекогаш беше слаба, оваа мала промена во тежината не можеше да остане незабележана.
И додека некои го критикуваа нејзиниот изглед, фановите застанаа во нејзина одбрана. „Жената е преубава, 2-3 килограми повеќе не го нарушуваат нејзиниот совршен изглед“.