Велат дека тие двајца сега се најзгодниот нов пар во шоу-бизнисот. Ченинг Тејтум и Зои Кравиц повеќе не кријат дека се заедно!
Ченинг Тејтум и Зои Кравиц конечно потврдија дека се пар! Веќе неколку месеци медиумите ги поврзуваа згодниот актер и харизматичната актерка, а сега се појавија во прегратка.
Ќерката на рок легендата Лени Кравиц се разведе од Карл Глусман по само две години брак, а кога судскиот процес заврши, таа за прв пат се појави со Ченинг. Меѓутоа, тогаш немаше индикации за физички контакт во јавноста меѓу нив. Сепак, фантазијата дополнително ја поттикна нивното пристигнување на церемонијата Мет гала, каде одделно прошетаа на црвениот тепих, но продолжението на вечерта го поминаа заедно.
Вчера папараците ги уловија на опуштена прошетка низ Њујорк. Убавата Зои ги скри своите славни суканици под волнена капа, но славниот згоден пар воопшто не се криеше.
Ченинг, кој е тајна љубов на милиони жени во светот, очигледно бил расположен, па прво ја држеше својата девојка за рака, а потоа се гушкаа.
Тој беше оженет, а се разведе од сопругата Џена Деван во 2018 година.