
Некои советуваат да пиете чаша вода пред оброк, но проблемот со овој метод, кој повеќето луѓе го пријавуваат, е непријатно чувство на надуеност, што може дури и да предизвика гадење, па храната „се враќа“.
Постои уште еден, многу поздрав начин, сметаат нутриционистите. Една од најздравите закуски, која е исто така посна, е сокот од домати. Овој пијалок го храни телото, го снабдува со потребните хранливи материи и не содржи шеќер колку овошните сокови.
Ако пиете сок од домати пред оброк, побрзо ќе се заситите и буквално ќе јадете двојно повеќе храна, сметаат експертите.
Бонус е што ќе му обезбедите на телото многу хранливи материи, бидејќи сокот од домати е исклучително здрав и се препорачува за многу заболувања, почнувајќи од висок крвен притисок, холестерол, посилен имунитет ….
Самиот домат содржи изобилство на витамини А, Ц, Б3 и Б6, магнезиум, хлор и сулфур, а исто така е одлично средство за детоксикација на организмот.