Наместо кафе, започнете го секое утро со овој пијалок: Го забрзува метаболизмот, ја регулира работата на цревата и е богат со витамини!
Во последниве години, честопати слушаме за тоа колку е важно правилното функционирање на цревата за целокупното здравје на нашиот организам, а клучниот збор што се споменува по тој повод се пробиотиците. По дефиниција, пробиотиците се живи микроорганизми кои имаат корисен ефект врз дигестивниот систем, како и врз имунитетот.
Билансот на цревната микрофлора е важен не само за да се избегне надуеност, гасови, запек и дијареја, туку и за сите други аспекти на нашето здравје. Главната состојка на овој пијалок е кефир, кој е богат со пробиотици, но и калциум, витамин Б12 и фосфор. Затоа, има корисен ефект врз целокупната состојба на организмот. Ако започнете со овој пијалок секое утро, наместо кафе, вашето тело ќе биде благодарно.
И еве го рецептот:
Состојки: 2 чаши кефир 1 чаша излупена и сецкана краставица 1/4 чаши свежи лисја од коријандер сок од еден лимон 1/2 лажичка мелен ким малку сол
Подготовка: Ставете ги сите состојки во мешалка и мешајте додека не добиете мазна смеса.
Пријатно!