Вечерата е оброк кој треба да биде најмалку калоричен, за да не се оптоварува организмот и да му се даде доволно енергија колку што е потребно во текот на ноќта.
Сепак, се чини дека проблемот е апетитот кој се јавува навечер, а некои луѓе не можат да одолеат на вкусна ужинка додека гледаат серија или филм.За да спречите напади на апетит во текот на ноќта, ви даваме неколку совети.
Јадете доволно во текот на денот
Ако сте секогаш гладни доцна во ноќта, обидете се да утврдите дали јадете доволно во текот на денот. Јадете на секои три до пет часа или земете здрава ужинка.
Појадокот е задолжителен
Денот треба да го започнете со оброк богат со растителни влакна, протеини и калории, додека избегнувањето и изоставувањето на појадокот е една од најчестите грешки што доведува до тоа гладта да не „стаса“ во текот на вечерта.
Не мешајте глад со досада
Ако сте гладни навечер, јадете, но прво проверете дали она што го чувствувате е навистина глад. Понекогаш нашата желба за храна навечер не е навистина глад, туку начин да се справиме со стресот, емоционалните проблеми, досадата, но можеби тоа е и навика.
Јадете кога сте навистина гладни
Кога сте навистина гладни, треба да јадете нешто, но да изберете сложени јаглехидрати, здрави масти и протеини. Комбинацијата на јаглени хидрати и протеини го потиснува апетитот, така што ќе бидете сити до утрото.
Изберете ги вистинските комбинации
Кога ќе ви се случи да огладните после вечерата, земете половина чаша грчки јогурт или парче сирење (протеини), четвртина авокадо или четвртина чаша ореви (здрави масти), некои сложени јаглехидрати, како што се житарки или пуканки. Наместо закуски, направете си чај или чаша млеко со цимет.
Избегнувајте мрсно и зачинето
Храната и пијалоците кои содржат кофеин и кои вклучуваат кафе, чај или чоколадо, не се препорачуваат навечер. Треба да избегнувате зачинета и мрсна храна, бидејќи може да го вознемири стомакот и лошо да влијае на сонот.