Маските направени дома можат да бидат полни со хранливи материи. Тоа ќе му го даде на лицето потребниот сјај и ќе ја подобри текстурата на кожата
Еве рецепт за маска од кафе.
Потребно е:
1 лажица кафе
1 лажичка какао
1 лажичка кокосово масло
Како се подготвува и користи?
Земете сад и измешајте кафе и какао во прав. Додадете кокосово масло за да формирате паста. Нанесете ја пастата на лицето и вратот. Оставете да се исуши 15-30 минути. Потоа нежно отстранете го со ладна вода.
Оваа маска го измазнува лицето и ги намалува малите фини линии.