Милиони луѓе мака мачат со чешање на главата, а првутот им го загорчува животот секој ден.
Многу луѓе трошат големи суми пари на разни шампони и други производи против првут, а постои и ефтина алтернатива која делува многу брзо. Тоа е лек што често го користиме за болка – ацетилсалицилна киселина или поедноставно – аспирин.
Овој лек има антиинфламаторно дејство кога се нанесува на кожата, а фактот дека нема стероиди придонесува тој да биде уште побезбеден.
Аспиринот може да биде одличен за ексфолирање на скалпот и чистење на скалпот од мртви клетки, маснотии, себум, како и таложење на разни производи што ги користиме за миење, регенерација и стилизирање на косата. Го смирува воспалението и не ја суши кожата, како што понекогаш може да направи типичен шампон против првут. Ова е особено важно ако имате сува коса што треба да се хидрира.
Треба да издробите 3-4 таблети аспирин и додадете малку вода за да ги растворите. Измешајте ја пастата со малку од омилениот шампон и истријте ја косата. Лесно масирајте и оставете да делува неколку минути. Можете исто така лесно да го чешлате коренот на косата со чешел со крупни запци, повеќе за масажа на скалпот, отколку за чешлање на косата.
Исплакнете и нанесете го мелемот само на врвовите на косата, а потоа обликувајте ја косата на вообичаен начин. Кожата ќе биде чиста, а чешањето ќе престане.