Тоникот за лице ги чисти порите, го отстранува себумот и нечистотиите без исушување и ја освежува кожата. Освен тоа, разладува во жешките летни денови и тоа не е се…
За освежувачкиот летен тоник за лице ви требаат:
– едно шишенце со распрскувач од 50 мл
– хидролат од нане 20 мл
– хидролат од лаванда 20 мл
– два грама растителен глицерин
Начин на подготовка: Ставете ги сите состојки во шишенце и протресете, чувајте го во фрижидер и кога сакате, прскајте на кожата на лицето.
Оваа мешавина е одлична ако имате изгореници од сонце бидејќи ја смирува кожата на лицето, а ефикасна е и по каснување од инсекти. Исто така е одлична за разладување во жешките летни денови.