Мора да ги пробате копаните во сос од Кока-Кола и соја сос.
Сигурни сме дека досега не сте готвиле пилешко со Кока-Кола. За да добиете сочни и карамелизирани батаци, пробајте го овој неверојатен сос. Не ви требаат многу состојки и се прави брзо. Можете да го сервирате со ориз или компири по желба.
Може да ги послужите вака подготвените батаци и со парче леб и освежителна салата. Обидете се да ги динстате во Кока-Кола, соја сос и кромид. Резултатот е неверојатен.
Состојки:
3-4 копани
400 мл Кока-Кола
1 кромид
2 лажици соја сос
2 лажици шеќер
Подготовка:
Кромидот пропржете го на масло, па додадете го соја сосот што го измешавте со шеќерот. Кратко динстајте, па додајте ги батаците. Печете 2-3 минути на висока температура и потоа истурете ја кока колата. Динстајте околу 35 минути, потоа послужете ги копаните и прелијте ги со малку карамелизиран кромид.