„Направивме грешка што им дозволивме на фановите да се сликаат со Саша“: Пејачот ПОЗИТИВЕН на коронавирусот

31 октомври, 20210
ddcb84c9624d39c06a8b33d0118d99bb27f296aa

Првите симптоми Саша Ковачевиќ ги почувствувал неколку дена по концертот во Словенија.

Според медиумите, Саша Ковачевиќ моментално е во изолација, и се чувствува добро.

Имено, пејачот пред петнаесетина дена одржа концерт со својата колешка Јелена Розга во Словенија, а следниот ден отпатува за Грција со својот брат Раде.

Но, по неколку дена ги почувствувал првите симптоми, па бил тестиран и резултатот бил позитивен, додека неговиот брат Раде бил негативен на коронавирусот.

Закажаните проекти и снимања кои ги имал во Грција биле прекинати, а Саша набрзо се вратил во Белград и моментално е во изолација.

Саша засега се чувствува добро, а оваа информација за медиумите ја потврдија од ПР тимот на Саша Ковачевиќ.

– Точно е дека Саша е позитивен. Направивме голема грешка што им дозволивме на фановите да се сликаат со Саша по концертот. Сепак, не можевме однапред да знаеме дека Саша ќе биде позитивен на вирусот, но сега се чувствува добро – изјавија од ПР тимот на популарниот пејач.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma