Афтите се бели рани во устата кои можат да бидат многу непријатни и болни, особено ако ги допрете со јазикот или со храна.
Иако не се заразни или опасни по здравјето, нивното пецкање е многу иритирачко, а процесот на заздравување е бавно бидејќи тие постојано се влажни од плунка.
Афтите се јавуваат за поради повреда со четка за заби, бонбони, гирзнување, силна или зачинета храна, поради стрес или пад на имунитетот.
Пчелниот прополис е природен антибиотик и антисептик кој ефикасно лекува болки во грлото, но и афти. Доволно е да нанесете неколку капки на чепкалка за уши и да ги притиснете афтите и да држите неколку секунди.
Патем, списокот на болести во кои помага прополисот е долг, па сигурно е дека неговите својства ќе се изучуваат во иднина.
Подобар е од кој било синтетички антибиотик, поради што се користи 2000 години.
Пчелите го собираат и го мешаат со лачењето на виличните жлезди, ензимски менувајќи го така што најважните супстанции, флавоноидите, стануваат активни супстанции.