Кој би рекол …
Секој има слушнато за сексуална и емтивна измама, но има и друг вид, што се покажа дека е уште почест, но и „поопасен“ од претходно споменатите.
Тоа е всушност „финансиската измама“. Не, не станува збор за кражба на пари од партнерот, но не е ни далеку од тоа.
Тоа е форма на однесување во врската или бракот што се манифестира со неискреност во врска со финансиската состојба. Поточно, тоа е чин на прекумерно трошење и натрупување на долгови без знаење на партнерот.
Оваа форма на неверство вклучува каква било финансиска одлука донесена без консултација со партнерот и која има негативно влијание врз односот или финансиската стабилност на двојката.
Бројни студии покажаа дека финансиската измама е во пораст и дека се јавува кај парови на сите возрасти.
Според истражување спроведено во Соединетите држави, дури 41 процент од Американците ги криеле своите долгови, празни сметки, позајмување пари и штетни навики на трошење.
Импулсивниот таен шопинг и непланираното трошење се меѓу најчестите финансиски проблеми со кои се соочуваат паровите. Кога вистината ќе се открие, постои сериозно нарушување на довербата помеѓу партнерите, а страната од која се криеле проблемите со причина се чувствува измамена.
– Тешко е да се поверува дека некој може толку многу да ве лаже, кога мислите дека го разбирате и дека можете да го „прочитате“. Караниците околу парите се потешки и траат подолго, вели Меган МекКој, професор на Универзитетот во Канзас, специјализиран за финансиска терапија, нова форма на терапија која комбинира финансиско и семејно советување.
Навиките на потрошувачите обично стануваат проблем кога парот се одлучува за голема инвестиција како што е купување нов автомобил или стан и во неочекувани кризни ситуации кога итно им требаат пари. Токму тогаш се појавува на виделина тајната која личноста ја криела од својот партнер.