НЕ Е СЕ ВО КАФЕТО! Мириси кои ќе ви помагаат да се СКОНЦЕНТРИРАТЕ и ПОБРЗО ДА СЕ РАЗБУДИТЕ!

popara14 септември, 20211min0
474094_kafa5_f (1)

Додека некои мириси, како лаванда, помагаат во елиминирање на несоницата, постојат и оние мириси кои ви помагаат да се разбудите и да се сконцентрирате …

Многу луѓе наутро најдобро се будат од мирисот на свежо сварено кафе, но има и многу други ароми кои исто така имаат стимулирачки ефект.

Цитруси – Лимонот, портокалот и грејпфрутот не само што се вкусни и здрави, туку помагаат и во секрецијата на серотонин и во исто време, го отстрануваат хормонот на стрес. Докажано е дека мирисите на цитрус го стимулираат умот, а покрај тоа што можете да користите етерично масло или шампон со мирис на лимон или портокал, еднаков ефект на будење има и да изедете едно од овие овошја наутро.

Нане – Не е изненадувачки што овој освежителен мирис го стимулира умот, ја зголемува концентрацијата и не прави побудни. Исто така, нането влијае на подобрување на вниманието, а со тоа и на продуктивноста.

Рузмарин – Ова растение ја зголемува менталната и физичката енергија, така што извршувањето на работните задачи е полесно и побрзо. Покрај самиот мирис на ова растение, користете рузмарин како зачин во подготовката на оброкоците.

Еукалиптус – Покрај будењето, еукалиптусот, во комбинација со нане, влијае на изострувањето на сетилата за мирис.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma