Сите сме слушнале илјада пати дека е многу важно да спиеме доволно и дека на просечна личност ѝ требаат околу осум часа сон. Сепак, експертот за спиење Оливија Арезоло вели дека на некои им треба девет часа сон за да функционираат што е можно подобро, додека на други им требаат пет или шест часа.
„Сонот дефинитивно не е универзален за секого и сето тоа зависи од тоа каков е вашиот хронотип за спиење и кои се вашите гени кога станува збор за деноноќниот ритам.
Оливија открива и дека постојат четири хронотипови – волк, мечка, лав и делфин, и секој има различна потреба за спиење.
Волците сакаат да легнуваат доцна и најмногу уживаат во тоа ако спијат до девет наутро, додека мечките сакаат да стануваат во седум, но им треба кафе за да се разбудат.
Оливија вели дека околу 55% од луѓето припаѓаат на хронотипот на мечката, тие се целосно будни до 10 часот наутро, но нивниот замор пристигнува околу 15 часот, кога посегнуваат по шеќер за да ги наполнат батериите. Но, тешко им е да заспијат навечер заради тоа.
Четвртиот вид е делфинот, кој страда од несоница. „Тие немаат рутина за спиење и можат да спијат два часа една ноќ и десет следната.
Оливија истакнува дека гените исто така играат важна улога, како и менструалниот циклус и сезонските промени.
На крај, таа додава дека квалитетот на спиењето е поважен од количината, па затоа ве советува да одвоите еден час да се опуштите пред спиење.
За да пресметате кога е најдобро време да одите во кревет, препорачливо е да го поставите алармот во времето кога треба да станете, а потоа да се „вратите“ осум часа. Првиот час е за релаксација, а за повеќето од нас седум часа е доволно за да се одморат.
На пример, ако станете во седум часот, тоа значи дека треба да легнете околу 23 часот и да се опуштите еден час, а да заспиете околу полноќ.