Ставањето домати во фрижидер може да го спречи созревањето и да го убие вкусот.
Многу луѓе по купувањето веднаш ги ставаат повеќето намирници во фрижидер, верувајќи дека тоа ќе им го продолжи рокот на траење. Сепак, ова не е најдобрата идеја затоа што одредени намирници го губат вкусот, текстурата или едноставно побрзо потемнуваат.
Домат
Ставањето домати во фрижидер може да го спречи созревањето и да го убие вкусот. Во фрижидерот, нивната хемиска структура се менува и количината на соединенија во овошјето се намалува, што влијае на нивниот вкус. На ниски температури, нивната текстура може да се промени, а плодовите може да се оштетат и да станат помеки.
Компир
Компирите треба да се чуваат на ладно и суво место, но никогаш во фрижидер. Најдобро во платнена торба, а ни случајно во пластична. Ако ги ставите во фрижидер, може да предизвикате процес на распаѓање на скробот, што ќе влијае на текстурата на компирите, но може и да предизвика промена на бојата и вкусот.
Кромид
Една од намирниците на која не и е место во фрижидерот е кромидот. Во фрижидер, тој почнува да скапува побрзо, станува брашнест и го губи вкусот. Покрај тоа, често се суши, дури и ако го завиткате во проѕирна фолија. Затоа е подобро да го чувате надвор од фрижидерот. Најдобро е да го чувате на ладно место каде што има доволно воздух. Во затворен сад, остатокот од кромидот може да трае една недела.
Леб
Додека замрзнувањето на лебот може исто така да го забави процесот на стареење и појавата на мувла, ставањето во фрижидер ќе го забрза процесот. Ниската температура предизвикува скробот да се кристализира многу побрзо отколку на собна температура, што го забрзува процесот што ќе го направи лебот тврд и невкусен.
Банани
Ставањето зрели банани во фрижидерот ќе им помогне да останат зрели неколку дена. Но, ако ги ставите таму додека се уште малку зелени, ќе го запрете процесот на зреење. Дури и откако ќе ги извадите од фрижидерот, тие нема да зреат и кората ќе стане црна. Бананите се тропско овошје и немаат природна одбрана од студот.
Лук
Лукот во фрижидер или во пластична кеса ќе мувлоса. Најдобар начин за негово чување е на собна температура на суво и темно место кое има доволно провев.