Не ги гледа затоа што не смее или? Ова е вистинската вистина за односот на Бред со децата

popara25 мај, 20211min0
profimedia-0495117710

Веќе некое време се пишуваше дека актерот нема никаков однос со шесте деца што ги има од бракот со неговата поранешна сопруга, актерката Анџелина Џоли.

Откако некогаш еден од најпопуларните холивудски парови, 45-годишната Анџелина Џоли и 57-годишниот Бред Пит, решија да стават крај на нивната љубовна врска, битката за старателство над шесте заеднички деца – 19-годишниот Медокс, 16-годишниот Пакс, 15-годишната Захара, 14-годишната Шајло и 12-годишните близнаци Нокс и Вивиен не запира. И иако најстариот син веќе наврши полнолетство, поранешните сопружници не се откажуваат од спорот за старателството околу преостанатите пет, а во последно време се повеќе се пишува како Анџелина целосно ги свртела децата против нивниот татко, па Бред воопшто не ги гледа. Сепак, според списанието Life & Style, овие тврдења не се точни.

Brad Pitt

Имено, актерот сè уште поминува време со своите три помали деца, Шајло, Вивиен и Нокс. За споменатиот медиум, неименуван извор откри дека најмалите деца сè уште се во контакт со нивниот татко. „Освен Медокс, сите деца сакаат да поминуваат време во домот на Бред“, рекол изворот, со што ги демантирал пишувањата на некои медиуми кои неодамна изјавија дека актерот не ги гледа децата затоа што наводно ќе сведочат против него на суд во корист на нивната мајка.  

Angelina Jolie

Да се потсетиме, како што напиша Us Weekly во март, посвоениот син на Бред, Медокс, со кого актерот наводно остро се судрил за време на летот на приватен авион, по што Анџелина решила да поднесе барање за развод, сведочеше на суд против неговиот татко. И иако деталите за сведочењето на 19-годишникот не и се познати на јавноста, тие, наводно, се многу тажни за 57-годишниот татко, кој не беше прикажан во добро светло, според странските медиуми, а се поради неговата поранешна сопруга.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag