Не ги пропуштивме овие модни референци на овогодинешната Мет Гала

popara15 септември, 20214min0
profimedia-0631984930-1-790x530

Од почетокот, Мет галата ја слави модната историја. И еден од најинтересните аспекти на таа историја е филмскиот. Филмските камери и големите и малите екрани отсекогаш имале моќ да ги претворат поединците во легенди чиј стил се повторува децении подоцна. Со оглед на американската тема, некои од гостите на овогодинешната Мет Гала својата инспирација ја бараа во филмските икони. „Златното доба на Холивуд“ во продолжени креации со крзно и пердуви повторно оживеа, но некои холивудски референци беа многу поочигледни.

Влијанието на Одри Хепберн беше видливо во изданијата на Кендал Џенер и Кери Малиган, модните додатоци што ги носеше Емили Блант беа поврзани со Хеди Ламар, Били Ајлиш и Медисон Бир по модели на Мерлин Монро и Јара Шахиди по Џозефин Бејкер. Како изгледаше модната инспирација на денешните sвезди во филмската историја, погледнете подолу.

Carey Mulligan: Audrey Hepburn во ‘Доручек кај Тифани’

Kendall Jenner: Audrey Hepburn во ‘My Fair Lady’

Emily Blunt: Hedy Lamarr во ‘Ziegfried Girl’

Billie Eilish: Marilyn Monroe

Madison Beer: Marilyn Monroe во ‘Gentlemen Prefer Blondes’

Yara Shahidi: Josephine Baker

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma