НЕ ГО ПРАВЕТЕ ОВА ДОМА Ким Кардашијан започна нов тренд кој на многумина не им се допадна, старлетата се покаја со брзина на светлината (ФОТО)

popara16 мај, 202116min0
Screenshot_1

Некои дури и се пошегуваа дека личи на Џефри Стар, кој е познат и по тоа што воопшто нема веѓи

Ким Кардашијан (40) ги обожава модата и трендовите. Таа многу пати експериментирала со својот изглед, менувајќи го начинот на облекување, шминка, па дури и бојата на косата.

Овој пат таа реши да ги изненади сите на социјалните мрежи – се фотографираше со избелени веѓи! Објави две фотографии на својот профил на Twitter, кои добија 34.300 лајкови и многу коментари за рекордно време.

Таа прво позира со црна коса и плетенки и избелени веѓи, а подоцна објави фотографија со руса коса и исто така избелени веѓи и силна шминка.

– Избелени веѓи за специјално снимање – стои во описот.

Многумина не можеа да поверуваат во она што го видоа и коментарите беа разновидни, од тоа дека не ја препознаат и дека им се чини дека станува збор за некоја друга личност.

Некои дури се пошегуваа дека изгледа како Џефри Стар, кој е познат и по тоа што воопшто нема веѓи.

Некои решија да го следат патот на Ким и го сторија истото.

Меѓутоа, ако одлучите да го следите овој тренд, не треба да го правите тоа дома.

И токму кога сите помислија дека ова е промена што Ким Кардашијан ќе ја држи подолго време, истиот ден се огласи и рече дека сепак преферира потемни тонови.

„И одеднаш, повторно сум темна“, напиша таа на Twitter.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma