
Популарниот млад актер Милош Биковиќ ги изненади обожавателите со најновите видеа во кои ги користеше популарните филтри за разубавување на лицето и испрати важна порака до сите.
Имено, Милош користеше филтер за време на обраќањето пред обожавателите и го сврте вниманието на важноста на внатрешната убавина.
– Во животот, најважна е внатрешната убавина. Најважно е човекот да работи на себе, на својата душа, тоа да биде неговата главна цел, затоа што она што е надвор, доаѓа и си оди. Младоста доаѓа и си оди и не е важно, важно е да се концентрираме на она што е внатре.




