Важно е да ги препознаете на време
Повеќе од 55 болести се поврзани со глутен, протеин кој се наоѓа во пченицата, ‘ржта и јачменот.
Се проценува дека 99% од луѓето кои имаат нетолеранција на глутен не се дијагностицирани со оваа состојба.
Исто така, се проценува дека скоро 40% од светската популација е нетолерантна на глутен. Ако имате некој од следниве симптоми, тоа може да значи дека и вие спаѓате во таа група.
– Дигестивни нарушувања, како што се гасови, надуеност, дијареја, па дури и запек (најизразено е кај деца по конзумирање глутен).
– Кератоза пиларис (позната и како „пилешка кожа“) на рацете
– Замор или iмор после јадење оброк што содржи глутен
– Дијагноза на автоимуни болести, како што се тироидитис на Хашимото, ревматоиден артритис, лупус, псоријаза, улцеративен колитис, скелодерма или мултиплекс склероза
– Невролошки симптоми, како што се вртоглавица или чувство на нерамнотежа
– Хормонална нерамнотежа
– Главоболки од мигрена
– Дијагноза на хроничен замор или фибромијаглија
– Воспаление, оток или болка во зглобовите (прсти, колена, колкови)
– Проблеми со расположението, како што се вознемиреност, депресија и промени во расположението.
Најчести прехрамбени извори на глутен се пченица, ‘рж, јачмен, леб, тестенини, житарици и печива. Житарките што содржат глутен се пченица, јачмен, овес, ‘рж.
Храна без глутен
Месо, риба и морски плодови, јајца, млечни производи, овошје, зеленчук, мешунки, јаткасти плодов, масти како масла и путер, повеќето пијалоци се исто така без глутен, освен пивото
Житарки без глутен: ориз, пченка, просо, амарант, киноа, хељда.