НЕ ПРЕКИНУВААТ КРИТИКИТЕ НА СМЕТКА НА БРЕНА „Изгледа како да има 80 години“

10 април, 2021
95994781_964718367308270_6781434921075824148_n

Корисниците на Твитер веќе неколку дена го критикуваат изгледот на Брена

„За мене, Лепа Брена изгледаше како страшило во синоќешната емисија на РТС. Шминката е ужасна, шминкерката не ја погодила пудрата за типот на кожа, изгледа суво, секоја точка е видлива … тенот воопшто не е уреден. Жено, инвестирај во добар козметичар и третмани за нега, не само за ботокс, е еден од коментарите испратени до 60-годишната пејачка Лепа Брена пред неколку дена откако излегоа нејзините немонтирани фотографии направени за време на снимањето на музичкото шоу. Не им се допаѓаше изгледот на Брена, па така ја прозиваа на Твитер, велејќи дека е уништена, а лавината критики кон една од најпопуларните пејачки во регионот продолжи и во деновите откако таа повторно се појави во јавноста, овој пат на претстава која говори за нејзиниот живот.

Според Курир, 60-годишничката дошла на претставата наречена ‘Lepa Brena project’ во друштво на Александра Живојиновиќ, сопругата на нејзиниот посинок Филип и долгогодишната пријателка Мирјана Антоновиќ, и иако била беспрекорно средена, на споменатата социјална мрежа повторно се најдоа такви на кои не им се допаднал изгледот на Брена па така и сега не ја штедеа од критики.

Lepa Brena

‘Што е со оваа жена? Од каде овие брчки, се чини дека има 80 години. Ужасно. Толку пари, а нигде вкус. Жено, инвестирај во третмани’, е еден од коментарите што се осврнува на изгледот на лицето на Брена, алудирајќи на фактот дека пејачката порано изгледаше многу помладо, додека сега, судејќи според коментарите на корисниците на Твитер, нејзините брчки се создале преку ноќ.

Инаку, пејачката со над три децении кариера, никогаш не криеше колку е важен нејзиниот изглед и колку се држи до тоа, па во едно од интервјуата за локалните медиуми таа раскажа една анегдота од почетокот на нејзината кариера поради што решила да ослабе. „Требаше да пеам во хотел и момците од „Сладок грев“ му рекоа на келнерот дека Брена е дојдена. Тој рече: ‘Очекував пејчка, а дојде трафостаницата’. Тоа ме „изгоре“ и ме повреди. Келнерот ми посака добра вечер, и мрачно го погледнав и го прашав: ‘Од кога ги поздравуваш трафостаниците?’. Сепак, тоа ме поттикна да направам нешто, ослабев за шест месеци, од 89 паднав на 67 килограми. Бев воодушевена од себе, добив нова енергија. Тогаш реков дека никогаш повеќе нема да си дозволам да го сторам тоа и дека смеам, да качам само два килограми “, рече пејачката.