Симон Доранте-Деј објави на Facebook нови наводни докази дека тој е син на принцот Чарлс и Камила, поточно фотографии за кои тврди дека јасно покажуваат сè.
Австралискиот инженер Симон Доранте-Деј не се откажува од бизарните тврдења дека тој е тајно дете на британскиот принц Чарлс и војвотката Камила Паркер, а сега објави нови фотографии за да се обиде и да го докаже тоа.
55-годишниот Симон сподели две свои и две фотографии на Камила на својот Facebook профил, сакајќи да укаже на наводната сличност помеѓу мајката и синот.
„Ако не можете да го видите тоа дури и сега, тогаш не гледате добро“, напиша тој заедно со објавата.
Симон, кој исто така е татко на девет деца, претходно сподели неколку нивни фотографии затоа што смета дека личат на принцот Чарлс, како и на самата кралица Елизабета во нејзините помлади денови.
Имено, убеден е дека Чарлс и Камила го добиле кога тој имал 17 години, а таа 18, што е малку чудно затоа што тие двајцата не се познавале во тоа време, а верува и дека се откажале од него и го дале на посвојување на готвачката и градинарот кои работеле во палатата. Наводно, во неколку наврати му рекле дека тој е всушност кралски син.
Тој дури му се обрати на Високиот суд во Австралија по ова прашање ѝ ја достави целата документација во која бара Чарлс и Камила да бидат подложени на ДНК анализа, а неговото барање е одбиено веќе трипати и тие ги игнорираат сите негови писма.
А по неговиот последен пост на социјалните мрежи, тој најде поддршка од истомисленици.
„Ох, гледам сличност, сè е јасно како ден“, „Боже мој, сличноста е неверојатна, мислам дека имаш нос на Чарлс“, „Сличноста е неспорна, доказите се јасно видливи“,пишаа некои од нив.
Тој тврди дека сличноста ќе беше уште поочигледна доколку стоматологот не му ги изменил забите како дете кои му биле идентични со членовите на кралското семејство, а исто така вели дека бојата на очите му е променета од сина во кафеава кога имал осум години за да изгледа помалку „кралски“.
Покрај тоа, тој е убеден дека покојната принцеза Дијана знаела за неговото постоење и дека и самата сакала да ја објави неговата приказна во јавноста.