НЕ СЕ САМО СЛАТКИТЕ: Стоматолозите открија која е најлошата храна за детските заби

popara8 септември, 20211min0
Screenshot 2021-09-08 200744

Ако некогаш сте се запрашале која храна е најлоша за детските заби и дали постојат поздрави алтернативи, стоматолозите дадоа одговори што би можеле да ве изненадат.

Д-р Роналд Плотка со повеќе од 40 години искуство за „Eat This, Not That“ понуди упатства од кои може родителите да имаат корист.

Слатки

Кога децата јадат слатки, објаснува докторот брзо се произведува киселина, што може да предизвика значителна штета на емајлот, што доведува до кариес.

Сушено овошје

Кога родителите им даваат сушено овошје на своите деца, тие веруваат дека тоа е нутритивно добро. Сепак, може да се задржи на забите на децата, што доведува до формирање на плак и кариес.

Скроб

Д-р Плотка вели дека на почетокот на оваа година е направен преглед на студии, со што е утврдено дека, покрај шеќерот, скробот е поврзан и со појавата на кариес кај децата.

Чипс

Ако сте изненадени бидејќи чиповите се на списокот, еве објаснување.

– Чипсот од компири е меѓу намирниците со највисоко ниво на скроб, кои многу брзо се распаѓаат во шеќер. Предизвикува формирање на киселина во устата, со што се уништува емајлот кај децата – тврди тој.

Храната по која луѓето треба да посегнат за да го зачуваат здравјето на забите се овошјето и зеленчукот, млечните производи, храната со помала содржина на шеќер и вода, советува стоматологот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma