Вобично во зима сите сме посветени на празниците и уживаме во друштво на нашите најблиски.
Сепак, овој дел од годината бара посебно внимание да ù обрнеме на нашата кожа, односно нејзината нега и заштита. Во овој период кожата е сува, флекава и испукана, па треба да ù овозможиме повеќе влажност.
Масло за тело – ова е дефинитивно број еден препарат кој треба д а го имате во зима. Тоа ја освежува и хидрира кожата, а со тоа ја забрзува и циркулацијата. Најдобар начинд а ја подмладите кожата е со етеричнио масла.
Кремасти лосиони – вообичаените глеови за туширање не се доволни во зима, треба да набавите кремасти лосиони кои ја хидрираат и хранат кожата. Со редовно користење на истите, ќе се решите од нечистотијата на кожата и вишокот на масти.
Пилинг – уште еден ефикасен начин со кој ќе ги спречите флеките и пукнатините е преку пилинг. Тој ги чисти мртвите клетки и ја чисти и освежува кожата. Користете го овој третман 2 до 3 пати неделно.
Путер за нега на тело – кремите и млеката за тело на база на путер содржат концентрирани хранливи состојки во себе, кои се апсолутен хит за зимските периоди.
Третман со ноќен лосион – намачкајте ја кожата со хидратирачки лосион во текот на ноќта и утрото ќе имате меќа свиленкаста кожа, која ќе се прочисти и регенерира во текот на ноѓта.
Крема за раце – вообичаената крема која ја користите не е доволна за во зима, затоа најдете некоја која има дополнителна заштита и нуди повеќе хидратација. Нанесете неколку пати навечер, за до утрото да ви омекнат рацете.
Крема за стапала – неопходно е да користите крема за стапала во зима, за да ги спречите појавите на габички и други проблеми на стапалата. Исто така, кремата не само што ги омекнува стапалата, туку и и ги опоравува од исцрпниот ден. Препорачуваме да користите хидратантна крема за секојдневна нега.