НЕКОГАШ НАЈУБАВАТА ПЕЈАЧКА, ДЕНЕС НЕ ЛИЧИ НА СЕБЕ: Заради пластични операции нејзиното лице е целосно деформирано!

14 мај, 2021
211155_profimedia0496437627_ls

Џесика Симпсон со години важеше за најубава пејачка на светот и никој не остана рамнодушен на нејзиниот изглед. Сепак, се чини дека и оваа привлечна русокоса подлегна на трендот на пластична хирургија.

Иако отсекогаш важела за природна, раскошна убавица, последните фотографии покажуваат дека имала и неколку корекции на лицето.

Имено, таа објави фотографија на Инстаграм без трошка шминка и додека некои нејзини обожаватели ја пофалија за овој потег, многумина се прашуваа што се случи со нејзиното лице?

„Јасно е дека ги зголемувала усните и јаболчниците“, „Изгледа целосно деформирано“, „Не ѝ требаше ова“, се само дел од коментарите што следуваа.

Да потсетиме, Џесика реши драстично да го смени својот животен стил и по тој повод ангажираше приватен тренер со чија помош ослабе неверојатни 45 килограми, но се чини дека не беше задоволна ниту од изгледот на лицето.

И вака изгледаше пејачката до неодамна. Погледнете и проценете сами дали исправила нешто на лицето.

Džesika Simpson