Салма Хајек ја започна својата актерска кариера со улога во мексиканската теленовела „Тереза“, стана позната благодарение на улогите во филмовите „Десперадо“ и „Од самрак до зори“ и „Фрида“, и е посветена на хуманитарната работа и борба за права и зајакнување на жените.
Покрај нејзиниот актерски талент и забавна личност, луѓето ширум светот се восхитуваат на нејзината убавина која не исчезнува. Иако постојано истакнува дека нејзиниот изглед може да се припише на добрите гени, таа исто така се држи до здравите навики што ги стекнала со текот на годините.
Едно нешто што научила од нејзината баба и религиозно се држи до тоа – го чисти лицето навечер. Таа верува дека темелното отстранување на шминката и чистење на лицето пред спиење е неопходен чекор за младешки изглед и регенерација на кожата. Таа не препорачува чистење на лицето наутро, туку „го буди“ со ружина вода и не заборава да нанесе хидратантна крема.
Таа постојано нагласува дека не верува во агресивни третмани кои имаат моментален ефект, како пилинг, микродермоабразија и други естетски процедури, но сака масажи на лицето.
Кога станува збор за вежбање, таа е голем поборник за јога и медитација, а за да остане фит прави секојдневно кратка рутина со интензивни вежби, од најмалку 5 минути и ги носи кучињата на прошетка.
Таа е огромен „foodie“, а за здравје и младешки изглед сака природни сокови, смути и супа од коски.
Но, младоста не е само она што го гледаме однадвор, туку и поглед на животот. Салма еднаш рече: „Не сакам да го поминам она што ми остана од младоста глумејќи се дека сум помлада од што сум и дека во меѓувреме не уживам во животот“.
Таа го одбележа својот роденден на Инстаграм со фотографија во костим за капење: „Среќен 55 -ти роденден за мене! Подготвена за нови авантури “, потсетувајќи дека секогаш останува активна и бара нови предизвици.