Нема да ви треба козметичар: Исчистете го и освежете го лицето дома

popara10 август, 20211min0
Screenshot 2021-08-10 125553

Секој ден, нашето лице е изложено на нечистотии од воздухот, прашина, а шминката го прави уморно, без сјај и склоно кон мозолчиња, кои се резултат на запушените пори.

Не е задолжително да посетите салон за убавина за да го направите овој третман, можете да направите чистење на лицето на професионално ниво дома, а ќе бидете презадоволни со резултатот.

Пробајте го овој третман за чистење на лицето дома. Совршено ги чисти порите, ја освежува кожата на лицето и ги отстранува црнките.

Направете го следново:

1. Измијте го лицето на вообичаен начин, подигнете ја косата за да го откриете лицето.

2. Подгответе смеса за чистење на лицето: добро измешајте две или три лажици пена за бричење со половина лажичка сода бикарбона.

3. Зовријте вода во мало тенџере, околу 200 мл, и додадете 1-2 лажици сушен цвет од камилица.

4. Ставете го тенџерето на маса, ставете ја главата над тенџерето, покријте се со крпа и испарете го лицето, околу 5-7 минути.

5. На испарено, влажно лице, нанесете ја подготвената смеса, избегнувајќи ги деловите околу очите и устата.

6. Потоа нежно, но динамично, исчистете ја кожата на лицето. Обрнете посебно внимание на носот и челото.

7. Исплакнете со вода.

Погледнете се во огледало – нема црни точки, порите се чисти, а лицето е многу мазно.

Оваа постапка можете да ја правите еднаш неделно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma