Повеќето жени се откажуваат од напорните тренинзи дури и пред да се испотат. Поради недостаток на волја и упорност да издвојат 15 минути дневно за физичка активност, тие се незадоволни од својот изглед и обично вината ја префрлаат на генетиката.
Меѓутоа, постојат и оние жени, кои не успеваат да тренираат поради обврски. Сепак, постојат решенија и за тоа. Овие неколку вежби можете да ги направите во секое време, и тоа било каде.
Додека сте во кревет
Ставете ги дланките над папокот. Издишете и дозволете стомакот да се прошири. Потоа вдишете колку што можете и задржете го здивот десет секунди. Повторете четири пати.
Додека седите
Исправете се. Свитканото држење на телото не само што прави да изгледате подебело, туку може да ги ослабне и стомачните мускули. Чувајте го стомакот активен и ангажиран секој пат кога седите, со исправување на грбот и држење на рамената назад.
Додека сте на вашето биро
Обидете се со „пилатес дишење“. Нежно вовлечете воздух во стомакот, како кога се обидувате да закопчате тесни фармерки. Потоа започнете со кратки вдишувања и издишувања не дозволувајќи им на мускулите да се релаксираат. Ова го правите во пет серии од по триесет секунди.
Додека вежбате
Кога сте на подвижна трака за трчање, исправете го грбот, кренете ја главата и затегнете ги стомачните мускули. Овој совршен став ќе се одрази на вашиот стомак додека согорувате калории.
Додека шетате
Исправете го горниот дел од телото и турнете ги рамената наназад. Затегнете ги стомачните мускули во текот на пет чекори и опуштете ги во следните пет. Повторувајте ја оваа вежба во текот на прошетката.
Додека возите автомобил
Затегнете ги и опуштете ги стомачните мускули додека чекате зелено светло на семафорот.