НЕОПТОВАРЕН СО СЛАВАТА, ПАРИТЕ И ПАПАРАЦИТЕ: Кијану Ривс уште еднаш покажа зошто целиот свет треба да го обожава – и ќе се насмеете

popara5 јули, 20211min0
324148_kijanu-rivs-profimedia0618563901_ff (1)

Славниот актер беше фотографиран во Берлин во најнеобичното и најсимпатично издание

Еден од најголемите хуманитарци на денешницата е дефинитивно актерот Кијану Ривс, кој ги воодушевува своите обожаватели со бројни потези. Тој секогаш наоѓа начин да биде забележан, дури и кога не се обидува, а овојпат беше особено симпатичен.

Ривс моментално го снима продолжението на „Џон Вик“ во Берлин, а Германците ги изненади со својот стил кога последен пат се појави во јавноста.

За време на паузата од снимањето, тој шеташе низ градот во најлежерно можно издание. Имено, Кијану се појави со шнолички на главата!

Многумина коментираа дека Ривс е толку симпатичен со овие шноли, и уште еднаш тој докажа дека нема ограничувања, и дека не го интересира гламурот, знае како да се пошегува на своја сметка..

Ривс веќе важи за еден од најопуштените добродетели во светот на славните, па затоа не живее во вила, им помага на бездомниците, разговара со сите на пријателски начин, седи во театар со „обичната“ публика…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma