Естер Перл е познат експерт за врски, која работела со стотици парови низ целиот свет. Откако се консултирала со безброј од нив, таа дошла до важен заклучок. Перел вели дека успешната врска во основа може да се сведе на еден клучен фактор кој нема никаква врска со љубовта или стравот, а тоа е довербата.
„Во ерата на транспарентност, довербата стана најважниот елемент на врската“, вели терапевтот Естер Перел.
“Довербата е нашата способност да живееме во идеална заедница. Во суштина, има нешто во доверба што ги поврзува паровите”.
„Ако треба да знаеме се, ако постојано проверуваме, се обидуваме да бидеме внимателни, веројатно никогаш нема да веруваме“, рече Перел. Покрај тоа, суштината на се што прави успешна врска е иста за сите луѓе низ целиот свет.
“Важно е дека сакаме да се чувствуваме важни. Сакаме да чувствуваме дека не ценат, дека не препознаваат, дека не гледаат, дека некој се грижи за нас, дека некој забележува колку работиме на работа. Дека некој знае како да каже благодарам или цда цени се што ќе направите за него “, рече таа.
“Истото е и во куќата. Истото е во секоја врска. Сите сме родени со причина и треба да знаеме дека сме важни”, објасни Перел.
Тешкотијата лежи во фактот дека мора да научиме да балансираме: интимноста и довербата мора да бидат хармонично комбинирани со личната слобода и независност на секој партнер.