Минаж, исто така, откри дека неодамна била позитивна на корона вирусот и дека и било многу тешко да се држи подалеку од нејзиниот едногодишен син.
Пејачката Ники Минаж одби да присуствува на Мет Галата одржана синоќа, 13 септември, бидејќи организаторите инсистирале сите поканети да бидат вакцинирани.
Имено, таа по овој повод се огласи на својот профил на Твитер и рече дека ако одлучи да се вакцинира, тоа нема да биде поради Мет Галата.
– Ако се вакцинирам, нема да биде за Мет. Ќе биде кога ќе почувствувам дека доволно сум истражила за се. Сега работам на тоа. Во меѓувреме, останете безбедни. Носете маска која ви е добро прицврстена. Не лабавата – напиша таа на Твитер.
Минаж, исто така, откри дека неодамна била позитивна на корона вирусот и дека и било многу тешко да се држи подалеку од нејзиниот едногодишен син.
– Дали знаете како е кога не можете да го бакнете или држите вашето мало дете повеќе од една недела? Бебе кое е навикнато само на својата мајка – ги праша следбениците и додаде дека раперот Дрејк исто така бил позитивен на короната.
Ова е прва Мет Гала на која Минаж не присуствуваше во последните неколку години.