Што да намачкаме кога ќе изгориме за време на сончање? Еве што помага, а што не!
Ако вашата кожа лесно гори во текот на топлите денови, најверојатно посегнувате по хранлив крем или масло за да ја опоравите.
Маслото како што е кокосовото обично се препорачува за хидратација и нега на кожата, а особено поради својствата за задржување на влага, се смета за препарат кој има многу долготраен ефект. Меѓутоа, не кога се нанесува на „изгорена“ кожа, тогаш ќе има спротивен ефект!
Маслата, вклучително и кокосовото масло, не треба да се нанесуваат на кожата изгорена од сонце, бидејќи ќе има контра-ефект и само ќе ја влоши состојбата.
Во нормални услови, маслото служи за да спречи излегување на водата од кожата, но кога ќе изгориме и ќе нанесеме масло на зацрвенетата кожа, ќе ја „зароби“ топлината и воспалителниот процес ќе биде уште посилен.
„Кога ќе изгориме на сонце, кожата останува жешка во следните неколку часа. Додека УВ зрачењето ги оштетува клетките, крвните садови се шират додека телото се обидува да ја поправи таа штета. Температурата на кожата се зголемува и се јавува силна, акутна воспалителна реакција. Често се потребни неколку часа, понекогаш и цел ден, за да се врати температурата во нормала“, вели Ава Шабман, специјалист по дерматологија.
„Додека трае овој процес, се што не дозволува кожата да се олади, само ќе ја влоши температурата и симптомите. Нанесете освежувачки препарати како алое вера или облоги со ладна вода, но не нанесувајте масло додека кожата не се излади целосно. „Само кога кожата повторно е на нормални температури, мрсните препарати ќе можат да помогнат“, вели таа.