За се има причина
Пејачката Едита Арадиновиќ зборуваше за работата, физичкиот изглед и повлекувањето од јавноста.
– Во последно време немавме можност да ве видиме во јавност, а и ги намаливте вашите објави на Инстаграм. Што ве натера да се повлечете на некој начин?
– Фала му на Бога, ништо лошо не го предизвика тој потег, само малку ментален одмор и подготовки за нови проекти. Нема да помине многу време, се враќам на моите активности!
– Изјавивте дека ја отстранивте/испумпавте хијалуронската киселина од усните, зошто?
– Оттогаш поминаа речиси две години, така што не бев поврзана со таков физички изглед, премногу се смеам и многу зборувам. Ми се изгледаше премногу вештачки за себе, а и за другите! Естетските процедури не настанаа во последните десет години, туку прашајте го Господ колку децении пред да се родам, но секако дека ќе ја искористам својата социјална платформа за најдобри и најздрави цели. Се што е умерено и убаво, не е исто за секого. За некои, малку е многу и обратно! Ајде да дозволиме луѓето да живеат, кој сака да биде природен, нека биде. Кој не, има право да живее и прави како што чувствува. Дефинитивно ја поддржувам природната убавина.
– Би се рекло дека никогаш не сте изгледале подобро, што е резултатот или подобро кажано, што е ве мотивира?
– Благодарам за комплиментот! Веруватеј ми, јас не правам ништо поразлично од пред две години, мора да е до духот! И до чувството одвнатре!
– Во претходните изјави, зборувавте за фактот дека порано сте се бореле со депресијата. Како се чувствувате денес, можеме ли да кажеме дека тоа е минато?
– Јас сум одлично! Депресијата како таква не, но, секако, постојат минус фази и некои лоши денови! За да победиш во сабота, мора да е лошо во среда! Чиста глава, чисто срце!
– Пејачката призна дали некогаш била изиграна во емотивни врски и дали би простила изневерување.
– Веројатно јас би, тоа зависи од околностите и љубовта кон партнерот, но се грижам тоа да не се случи. Затоа мислам дека никогаш нема да се омажам! Се уште не сум сретнала човек кој ќе ми ја врати вербата во љубов без да изневерува – искрена е пејачката.