Не можам, жал ми е, но не можам повеќе, е познатата изјава од „Досие Икс“
Ја паметиме како агент на ФБИ, Дејна Скали од култната серија „Досие Икс“, а во моментов ја гледаме во одличните серии „Круна“ и „Сексуално образование“.
Актерката Џилијан Андерсон им се обрати на фановите на Инстаграм, таа не носеше градник и вели дека повеќе нема ни да носи!
“Јас сум мрзлива, не носам градник повеќе. Не можам, жал ми е, но не можам повеќе. Не ми е гајле дали градите ќе ми висат до папокот, премногу ми е (пцовка) непријатно “, рече симпатичната актерка.
Андерсон освои два Златни глобуси, и штотуку е номинирана за Еми, за улогата на Маргарет Тачер во серијата.