За да им дадете атрактивен изглед на нозете, оваа лесна техника ќе ви помогне
Убави и негувани стапала, меки и мазни пети – е желба на секоја жена. Цврстите, суви и испукани пети создаваат многу непријатности.
Посетата на салон и негување на нозете е еден начин, но за оние дами кои не сакаат да одат таму, постојат голем број природни техники за отстранување на грубата кожа. Една од најдобрите е со сода бикарбона.
Обичната сода бикарбона, која има антисептички својства, ја намалува тврдоста на водата и има корисен ефект врз кожата на петицата.
Тоа е ефтин, но многу ефикасен лек. Со нејзина помош, можете да постигнете ефект на мазни и нежни стапала, без да посетувате салони за убавина.
Како да ги исчистите петите со сода бикарбона
За оваа постапка ќе ви бидат потребни 3 супени лажици сода бикарбона и 4-5 литри вода.
Растворете сода бикарбона во топла вода и натопете ги стапалата 15-20 минути. Потоа нозете, тријте со камен за пети.
Нанесете малку хранлив крем или вазелин (ако петиците се премногу испукани), облечете памучни чорапи и поминете ја ноќта во нив (но не е неопходно да спиете во чорапи).
Уште при првиот пат, разликата е забележлива во изгледот на стапалата! Третманот го правите секој ден 5-7 дена.
Потоа направете пауза од 7 дена, а потоа повторете ја постапката.