Никој не го очекуваше ова
Со текот на годините, заштитниот знак на актерката Никол Кидман (54) стана долгата руса коса. Сепак, актерката одлучи да се откаже од својата прекрасна коса и да направи драстична промена.
Таа објави 2 фотографии на социјалната мрежа Инстаграм и на почетокот е целосно непрепознатлива. Никој не го очекуваше овој потег, актерката сега гордо носи пикси фризура во ‘strawberry blonde’ нијанса.
Драстично пократката фризура остави многу обожаватели во шок, а многумина се уште се надеваат дека тоа е само перика за снимањето на серијата „Roar“.
Веднаш по објавувањето на фотографијата, следеа коментари и мислењата беа поделени. Додека на некои им се допаѓа оваа промена и мислат дека е храбар потег, други не се воопшто воодушевени.
Како ви се чини? Дали ви се допаѓа оваа промена?