Ако сонувате дека сте вљубени, тоа предвидува успех. Ако ги сонувате бившите партнери тоа ја симболизира здодевноста во креветот, оргазми без страст и неисполнети желби.
Најмалку 95 проценти од луѓето барем еднаш сонувале сексуални соништа, а околу осум проценти од жените и мажите ги сонуваат секој ден.
Што всушност значат овие еротски соништа?
Несакана страст
Ако сонувате дека имате секс со некој што навистина не ви се допаѓа во реалноста, потсвеста ви кажува дека треба да ја преземете контролата во врска со тој човек. Овој сон навистина нема многу врска со сексот, туку се однесува на „борбата за власт“.
Сонување на бивши партнери
Луѓето најчесто сонуваат дека имаат секс со својот поранешен партнер, што не мора да значи дека го посакуваат. Овој сон е обично желба за нешто познато и безбедно. Можеби во новата врска се чувствувате малку несигурно, а вашата потсвест ве потсетува на побезбедно време.
Фатени на дело
Ако сонувате прељуба, потсвеста веројатно ви сигнализира дека не сте сигурни за новата врска и дека треба да ги разјасните чувствата со новиот партнер.
Меѓутоа, ако сонувате сексуален однос со вашиот поранешен партнер често, тоа може да значи дека сè уште го сакате или дека сексот со вашиот нов партнер не ве задоволува.
Орален секс
Добивање или давање на орален секс значи волја да се даде и да се добие задоволство. Покрај тоа, ја симболизира креативната енергија и потврдува дека сте на вистинскиот пат, велат експертите.
Но тоа, исто така, може да значи дека вие и вашиот партнер треба да зборувате за вашите сексуални желби.
Доминација
Доминацијата над партнерот во сон претставува потреба за контрола во реалноста. Но тоа исто така може да значи дека сакате да се подигнете на повисоко ниво на духовност. Ејакулација во сон значи губење на сила и контрола.

Невиност
Сонување на невиност симболизира чистота и потенцијал. Но тоа не мора да биде чисто сексуална, туку и емоционална невиност. Ако не сте невини (во сексуална смисла), а во сонот сте, веројатно жалите за нешто.
Странец
Секс со странец во сон може претставува страв од иднина. Овој сон, исто така, ви овозможува да ги пробате сите работи што сте ги посакувале, без сопирачки, но не се осмеливте. Ако сонувате секс со јавна, позната личност, сонувате за успех.
Оргазам
Доколку сонувате оргазам ова може да претставува возбудлив крај на некоја животна ситуација. Од друга страна, може да значи дека ви недостига секс, односно, дека треба да ја отпуштите сексуалната тензија.