Новата Аткинсонова диета е новиот хит во Холивуд: Ким и Бред Пит се стопија благодарение на оваа диета

9 јуни, 2021
dieta

Старата верзија на популарната диета во нова облека е уште поефикасна, тврдат оние што ја испробале

Повеќето луѓе кои некогаш се обиделе да ослабат, знаат дека диетата Аткинс дава брзи резултати. Менито засновано на протеини од животинско потекло, заедно со салати од зеленчук кои немаат голема количина јаглехидрати, е гаранција за брзо топење на вишокот килограми.

Сега, новата верзија на оваа диета е хит во Холивуд, благодарение на што успеаја да се стопат Кетрин Зета-Џонс, Ким Кардашијан, Кајли Џенер и Џенифер Анистон, како и претставници на посилниот пол, Бред Пит и Роби Вилијамс.

Како изгледа менито во новата Аткинсонова диета?

Диетата што некогаш ја осмисли д-р Роберт Аткинс сега е насочена кон елиминирање на сувомеснатите производи од исхраната. Така, телото станува машина за топење и согорување на маснотиите.

Новата Аткинсонова диета се состои од 3 фази.

Во првата фаза, внесувањето на јаглехидрати е ограничено на само 20 грама на ден. Должината на оваа фаза е 2 недели, а меѓу дозволените јадења се сите видови месо, морски плодови, свеж зелен зеленчук, јајца, сите видови маснотии и полномасни млечни производи.

Во фаза два, постои постепено воведување на јаглехидрати, особено преку зеленчукот и малите количини бобинки. Тогаш е дозволено да се вклучат сувомесни производи во исхраната.

Во оригиналната верзија на диетата, сувомеснатите производи беа дозволени и во првата фаза. Сега, сепак, заклучено е дека тие можат да го забават процесот на топење на маснотиите на самиот почеток на диетата.

Во третата фаза се внесува оптимална количина јаглехидрати – од 60 до 100 грама на ден, во зависност од конституцијата, која служи за одржување на постигнатата тежина. На луѓето кои ја следеле оваа диета им се препорачува да продолжат со ограничен внес на јаглехидрати дури и откако ќе ја достигнат посакуваната тежина, што всушност е неформална четврта фаза од диетата.

Во текот на првата фаза, луѓето кои се на оваа диета губат многу тежина, бидејќи нивната исхрана се базира на протеини. Сепак, во следните фази, исто така, потребно е и вежбање.

Кои намирници се дозволени?

Правилата на диетата Аткинс се многу едноставни – се додека менито главно се базира на протеини, со употреба на здрави масла, како и зеленчук, ореви и семиња, килограмите ќе се стопат.

Сепак, она за што лекарите постојано предупредуваат е дека оваа диета не треба да ја практикуваат сите што сакаат да изгубат вишок килограми. Еден од несаканите ефекти на диетата Аткинс е запек, а ако храната е премногу солена, може да се појави ненадеен скок на крвниот притисок.