Нови фотографии од Цеца и Богдан! Насмеана го прегрнува на Јахорина, а уште во декември се издаде со овој потег!

14 јануари, 2021
1610551850360-ceca-raznatovic-i-decko-1-460x0

На Инстаграм се појави фотографија на која се гледа дека заедно ја поминале зимата на Јахорина

Вчера, во среда, на 13 јануари, се појави веста дека балканската sвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ (47) има ново момче Богдан Срејовиќ (38), човек кој се занимавал со угостителство, односно со раководни работи во кафеани во Белград. Сепак, Цеца прва објави фотографија со своето момче на својот Инстаграм профил на 18 декември.

На фотографијата Цеца беше со пријателите, а откако ручаа во еден белградски ресторан, следуваше и сувенирна фотографија, која Цеца ја откри на своето Инстаграм story.

Во тој момент, парот се забавуваше нешто помалку од еден месец, а судејќи според нивното расположение, тие беа исто толку среќни и во тој момент. Покрај тоа, на Инстаграм се појави фотографија на која се гледа дека заедно ја поминале зимата на Јахорина.

Имено, пријател на Цеца и Богдан објави фотографија на која сите позираат со насмевка, а Цеца го прегрнува Богдан додека тој ја држи за рака.

Судејќи според приврзаноста, парот поминува среќни моменти, а нејзините обожаватели се воодушевени што пронашле љубов.

escort - Korsan taksi