Ново изненадување за Меган и Хари? Се чини дека нивното однесување пристигна за наплата и тоа не само во кралското семејство

popara24 август, 20211min0
Screenshot_1

Меган Маркл и принцот Хари опаѓаат во популарноста на социјалните медиуми, како што покажуваат последните истражувања, а Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се чини дека се сѐ попопуларни.

Меган Маркл и принцот Хари губат следбеници на Instagram, најпопуларната социјална мрежа на денешницата, додека тој број со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон само се зголемува.

Ова се резултатите од истражувањето спроведено од британска компанија за анализа на податоци и беше откриено дека Меган и Хари престанаа да ги следат 700 илјади луѓе во последната година а во моментов ги следат 10,1 милиони луѓе, пренесува The Sun.

Во меѓувреме, Кејт и Вилијам може да се пофалат со бројка од 13 милиони следбеници, и таа е зголемена за милион во последната година.

Кралските експерти го објаснуваат ова со фактот дека луѓето едноставно се уморни и дека им е здосадено од ставот и однесувањето на Меган и Хари.

„Ги советуваат другите да бидат сочувствителни, а тие самите не се кон членовите на своето семејство. Се жалат на климатските промени и ја промовираат екологијата, но потоа скокаат во приватни авиони. Луѓето не го одобруваат таквото однесување”, објаснува експертот кој следи и коментира за животот на членовите на кралското семејство, Анџела Левин.

Анкетата исто така покажа дека само 66% од следбениците на Меган и Хари се составени од луѓе, а останатите се веројатно ботови што масовно следат одредени профили.

Нивната популарност имаше подеми и падови откако официјално се повлекоа од кралските должности во март 2020 година, а во април оваа година беше објавено дека нивната популарност постојано опаѓа и е најниска досега. На ова му претходеше бомбастичното интервју што го снимија со Опра Винфри и обвинија некои членови на сопственото семејство за расистичко однесување без да ги наведат нивните имиња.

После тоа, тешко е да се добие наклоност од британската јавност, а популарноста на Хари падна дополнително по погребот на принцот Филип, според истражувањето на YouG. Според нивните податоци, повеќе од 1.700 Британци имале главно негативно мислење за него помеѓу 21 и 22 април, и покрај тоа што се вратил во Велика Британија за да се збогува со неговиот дедо.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma