Црната кожена јакна е класика која тешко дека некогаш ќе се надмине, а супермоделот Каја Гербер е воодушевена од ова парче. Сепак, повеќе од вообичаените моторџиски модели, ќерката на Синди Крафорд сака малку необичен ретро кожен блејзер! Тоа е веројатно наједноставната јакна од овој тип: ретро долга јакна што потсетува на духот на деведесеттите години и е потпишана од брендот Frame.
За прв пат Каја ја видовме во ова парче минатата година, и се чини дека не помина период а моделот да не го носеше од ден на ден.
Во текот на пролетта и почетокот на летото оваа година, повторно ја видовме во практична тенка кожена јакна со долги ревери, две копчиња и лажен џеб, и токму кога мислевме дека ќе и каже „збогум“ – еве ја Каја во нејзината омилена јакна! Значи, таа беше фотографирана со ова парче само пет пати во изминатите неколку дена, и го носеше со елегантен црн фустан, со фармерки и со лесни летни панталони … И секогаш изгледаше толку шик!