Одлична вест како за петок: 100-годишничка тврди дека тајната на нејзината долговечност е пиењето џин!

16 април, 2021
4f16ce47f321fde60d04127fc177d86ae4a885ff_articlemain

Отсекогаш сме верувале дека џинот е одлична работа и сега една мудара и симпатична стогодишничка го потврди сето тоа. Мејбл Џексон од англиски Сафолк откри дека верува дека заслугата за нејзината долговечност е во секојдневното уживање во џин – тоник. И не само што пие џин –  тоник секој ден, таа пие во просек по пет на ден. Звучи апсолутно примамливо, и скапо!

Таа вели дека пие две за време на ручекот, еден со бисквит во време кога повеќето нејзини сонародници пијат чај и уште неколку во текот на вечерта додека плете и везе. Импресивна рутина, мора да признаеме.

Се колне дека џинот е тајната на долговечноста, а кога не го пие својот омилен еликсир, таа го вежба мозокот броејќи колку пати досега била пијана во својот живот. Една вечер кога не можела да спие, таа направила детална пресметка. Секоја среда купува шише џин кое и трае една недела. Тоа би значело дека пие 52 шишиња годишно, што значи дека испила неверојатни 4.264 шишиња во текот на својот живот откако станала полнолетна. Навистина импресивно!

И да, ова нè потсети – време е за џин – тоник!

escort - Korsan taksi