ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Само еден од 28.000 луѓе кои примиле вакцина ПРОТИВ КОРОНА има сериозни несакани ефекти

popara11 април, 20211min0
56652487_401

Помалку од еден во 28.000 лица кои примиле вакцина против ковид-19, што е помалку од 0,004 проценти, имале сериозни реакции, покажуваат податоците од Министерството за здравство на САД и одделот за човечки услуги што се занимаваат со несаканите ефекти на вакцините (VAERS).

Здравствените работници треба да го известат VAERS ако се појават несакани ефекти по вакцинирањето, вклучувајќи сериозни проблеми што бараат хоспитализација, опасност по живот или смрт, како и грешки при давањето на дозите, објави денес CNN.

Најновите податоци на VAERS ги покажуваат извештаите заклучно со 2 април – околу 102 милиони луѓе примиле барем една доза на вакцината и имало 3.630 пријави за сериозни несакани ефекти со вакцините Фајзер / Бионтех, Модерна и Џонсон и Џонсон, што значи 36 луѓе на милион вакцинирани имале проблем.

Имало уште 53.091 пријави, со помалку опасни симптоми, вклучително и болки во мускулите, главоболки и гадење.

Според предупредувањето на веб-страницата на VAERS, „производителите треба да го пријават секој сериозен здравствен проблем по вакцинирањето, без разлика дали се претпоставува дека вакцината е причина или не“.

Извештаите може да бидат „нецелосни, неточни, случајни и непотврдени“ и не мора да покажуваат проблеми со вакцините.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma