ОДМОРОТ ИМ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ХОРОР: Џеј Ло и Бен ги следат на секој чекор (ВИДЕО)

29 јули, 2021
jennifer-lopez-ben-affleck

Фановите на Џенифер Лопез и Бен Афлек ги следат низ Италија

Џенифер Лопез и нејзиното ново-старо момче Бен Афлек веќе неколку дена уживаат на суперјахтата што ја изнајмија за чудесна сума, а парот откако го прослави 52-от роденден во Сент Тропе, кога Џеј Ло ја објави нивната прва заедничка фотографија и со тоа ја потврди врската, продолжи понатаму кон италијанскиот брег за да ужива во одморот, ако може така да се нарече.

Имено, тие беа снимени на Капри каде шетаа низ стариот дел на градот, а по тој повод беа придружувани од орда луѓе кои ги фотографираа и ги попречуваа во одењето. Нешто што требаше да биде пријатна прошетка низ градот се претвори во кошмар, а снимката набрзо ги преплави социјалните медиуми. „Погледнете која река луѓе ги следи. И така секој ден. Не е ни чудо што ја напушти пред 17 години“, „Човеку, како живеат вака“,„Можеби повеќе ги следат во Европа, бидејќи во Холивуд се навикнати на познати лица“, пишуваат луѓето во коментарите под објавата.

„Разбирам дека се навикнати на хаос, но ова е терор. Терор, а не слобода “, беше коментарот кој собра најмногу лајкови на Instagram.

escort - Korsan taksi