Осумнаесетгодишната Оливија Родриго го освои светот со својот хит „Drivers Licence“, моќна балада наречена „Nothing Compares 2 U од генерацијата Z, и сега го искористи своето влијание и глас за да зборува за важноста од вакцинирање на младите, на кои им се обрати од Белата куќа.
За таа прилика, таа носеше винтиџ костим на Шанел од 1995 година, кој не потсети на култната Шер Хоровиц од филмот „Clueless“, со допир на Џеки Кенеди, „Русокоси од Харвард“ и Аријана Гранде во видеото „Positions“.
Таа го донесе својот личен печат и малку модерност на изгледот со бели лакирани платформи на Џузепе Заноти и чанта Амина Муади.
Оливија го продолжува своето патување до топ листите со песната „good 4 u“.