Краткиот видео клип што Оливија Вајлд го објави на својот профил на Инстаграм, не ни кажува многу за заплетот на „Don’t Worry Darling“, но вознемирувачката последна сцена ни дава навестување дека нешто вознемирувачко „се готви“ под површината.
Во психолошкиот трилер, кој се случува во педесеттите години, Флоренс Пју ја глуми сопругата и домаќинката на ликот на Хари Стајлс која почнува да се сомнева дека гламурозниот тим на нивната експериментална утописка заедница крие некои мрачни тајни.
Филмот е заслужен за запознавањето на Оливија и Хари, кога Хари Стајлс влезе во улогата што првично беше наменета за Шаја Лебаф. Оливија Вајлд потоа го пофали неговиот талент и призна дека танцувала мал „победнички танц“ кога дознала дека Хари се приклучил на тимот, бидејќи знаела дека тој е исклучително стилски и како таков совршено ќе се вклопи во овој филм.
Од јануари, кога беа видени како се држат за рака, Оливија Вајлд и Хари Стајлс станаа еден од најинтересните славни парови во јавноста.
И додека Хари Стајлс започнува турнеја низ Америка, Оливија Вајлд е зафатена со пост-продукција на филмот кој ќе биде достапен во кината од септември следната година. До тогаш, погледнете го краткиот тизер подолу: