Оптичка илузија ги подели мислењата: Дали гледате кругови или спирала?

19 јануари, 2021
Screenshot_4

И додека повеќето првично мислеа дека се работи за оптичка илузија која се движи, работата всушност беше поинаква.

Нема точен или погрешен одговор кога станува збор за оптички илузии. Колку и да ја гледате илустрацијата, некој ќе има поинаков одговор од вашиот. Така, една оптичка илузија ги подели мислењата за тоа што всушност има на неа.

Имено, на социјалните мрежи се споделува илустрација која изгледа како спирала. И додека повеќето првично мислеа дека се работи за оптичка илузија која се движи, работата всушност беше поинаква.

Илустрацијата е пример за спирална илузија на Фрејзер, која и покрај она што може да го покажат твоите очи, е нешто поедноставна. Наместо спирална фотографија, има низа концентрични кругови. Моделот на позадината ја прави сликата толку збунувачка што вашиот мозок само пополнува информации што всушност ги нема.

Прв ја опиша британскиот психолог Сер Џејмс Фрејзер, а второто име за тоа е лажна спирала. Оптичката илузија се создава со комбинирање на редовна шема на линии (кругови) со несовпаѓани делови или нишки со различна боја. Кога деловите се обележани во друга боја, на гледачот му станува очигледно дека нема спирала.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris